Манчестер Јунајтед сруши неколку негативни рекорди по денешниот убедлив пораз кај Брентфорд од 4:0.
Новиот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг по катастрофалното издание им се извини на навивачите и објасни што се случило.
-Ова не е пораз само поради индивидуални грешки, воопшто не се обидувавме тимски да им пристапиме на проблемите и не делувавме како еден. Овој тим мора да преземе одговорност. Жал ми е за нашите навивачи. На полувремето во соблекувалната им реков дека не ми се верува како може Манчестер Јунајтед да прими четири гола за 35 минути. Не’ чека напорна недела, вели Тен Хаг по натпреварот.
Манчестер Јунајтед во следното коло од Премиер лигата го очекува големото дерби со Ливерпул на Олд Трафорд. Навивачите најавуваат протести и празни трибини.