Момче бара девојка преку оглас да ја носи на Канарските Острови, услов е да е од Прилеп или Битола и да не е вмровка

Вистински хит се појави на социјалната мрежа Фејсбук. Момче преку оглас бара девојка која ќе ја носи на одмор на Канарските Острови.

Според неговата понуда тој овозможува платена авионска карта, цел пансион за двајца и џепарлак од 400 евра.

Сепак, постои еден услов, а тоа е девојката да е бринета од Прилеп или Битола и да не е вмровка.

Момчето вели дека среќната добитничка нема да има никакви обврски кон него туку ова го прави од инает кон бившата девојка.