МИСТЕРИОЗНИ СИГНАЛИ ОД ВСЕЛЕНАТА ГИ ЗБУНУВААТ НАУЧНИЦИТЕ: Доаѓаат од друга галаксија и се повеќе се зголемуваат

Како што објавуваат австриските истражувачи, нивните телескопи забележале голем број на мистериозни сигнали кои доаѓаат длабоко од вселената.

Радио-телескопите забележале сигнали кои се насочени кон Земјата, а кои доаѓаат од друга галаксија. Овие сигнали претставуваат најблиска радио-експлозија која е забележана до сега.

Станува збор за најмистериозните феномени во вселената. Овие сигнали се еквивалентни на количината енергија која Сонцето ја произведува за 80 години. Се разликуваат по тоа што траат само неколку секунди и доаѓаат од непознат извор.