МВР ги учеше постарите прилепчани како да се заштитат од кpaжби и телефонски измами (Фото галерија)

Денеска (05.11.2022) на повеќе локации во Прилеп полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп заедно со портпаролот на СВР Битола реализираа превентивни активности посветени на имотните деликти, односно нивно превенирање особено кај повозрасните граѓани, при што фокусот беше ставен на кражби и телефонски измами.

Под мотото „Заштита од кражби и измами“, полициските службеници им укажуваа на граѓаните за постапките што треба да се преземат за заштита од овие форми на кривични деликти, како и за потребата од комуникација и соработка со полицијата за нивно ефикасно сузбивање.

Притоа, на граѓаните им беа поделени едукативни летоци со информативни содржини за нивно запознавање како и на кој начин можат да се заштита од овие имотни деликти.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.