Марио Маџоски испиша нова страница во прилепската кошаркарска историја – дебитира во АБА 1 лигата

Младиот кошаркарски судија Марио Маџоски oд Прилеп, ја отвори сезоната во Виена, каде што го имаше своето деби во АБА 1 лигата, едно од највисоките нивоа на европската кошарка.

За Маџоски ова претставува голем чекор напред во судиската кариера, но и успех кој има посебна тежина за неговиот роден град Прилеп. Со настапот во АБА 1 лигата, тој го продолжува семејното наследство и традиција.

По години посветеност, работа и напредување низ судиските категории, Марио Маџоски стигна до едно од најзначајните нивоа во европската кошарка. Неговото деби во Виена е потврда за неговиот досегашен труд и посветеност, но и убаво признание за прилепската судиска школа.

На Марио му посакуваме многу успех, одлични натпревари и уште поголеми достигнувања во неговата судиска кариера. Нека ова биде само почеток на едно успешно европско поглавје!

Од Прилеп до Виена, презимето Маџоски повторно е дел од големата судиска приказна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.