Малолетник од Прилеп со тешки повреди заврши во болница, управувајќи мопед се судрил со автомобил

-На 09.10.2026 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки управувано од К.Ш.(72) од Прилеп и мопед со прилепски регистарски ознаки управуван од 16- годишен малолетник од с. Алинци, прилепско. По несреќата малолетникот е пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.