МАКЕДОНИЈА ДОНИРА ЗА АТИЏЕ! Хероината која не претставуваше на “Оскарите” заборавена од државата

Бидејќи многу луѓе на Атиџе ѝ ветија многу нешта, а не исполнија ништо, освен фотографирање пред одење на Оскарите, младата кривопаланчанка Мариа Дибијаџо отвори страница за донации за хероината. Донаторите за возврат ќе добијат уникатни дизајнерски маици со ликот на Хатиџе, пренесува порталот Дневни Новости.

Речиси сите ветувања од државата за подобри услови за живот на ѕвездата од филмот што беше на чекор до два Оскари, „Медена земја“, Хатиџе од Беќирлија, не се остварени. Единствено тимот од филмот ѝ купи куќа во Дорфулија, мало село во општина Лозово, која ќе треба да се среди за Хатиџе да може да живее во пристојни услови.

Добрата и едноставна душа на Хатиџе допре до огромен број луѓе, кои понесени од нејзината аура на љубов кон луѓето, природата и животот, сакаат да ѝ возвратат. Сега благодарение на интернет страницата GoFundMe сите хумани луѓе од Европа, Америка и Австралија може да донираат за Атиџе.

Идејата е на Мариа Дибијаџо, која потекнува од Крива Паланка, а живее и работи како успешен дизајнер во Њујорк. Вели дека луѓето чекале ред во Њујорк за да ја видат Атиџе и дека таа слика, а подоцна и познанството со хероината во живо, се причина да посредува за на Атиџе да ѝ се возврати со љубов, грижа и внимание, иако заслужува многу повеќе од тоа.

 








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.