Лука Андpиески најсреќен за Водици во Ново Лагово: Го чекале градоначалникот Илија Јованоски, но не се појавил (Фото)

Празникот Богојавление – Водици традиционално се празнува во речиси сите населени места во прилепско.

Во населеното место Ново Лагово најсреќен беше Лука Андриески кој прв стигна до светиот крст.

На одбележувањето на празникот не дојде актуелниот градоначалник Илија Јованоски. Верниците го чекале, но Јованоски не се појавил и не ги удостоил со неговото присуство.

Наместо Јованоски, во Ново Лагово беше поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, кој како и во годините додека беше градоначалник и понатаму ги посетува населените места за Водици.

“Честито на Лука Андриески од Ново Лагово. Му посакувам здравје, среќа, успех, бериќет, него и на неговото семејство. Убава и вековна традиција насекаде во Македонија на ден Богојавление. За многу години да е! Бог се јави!”, напиша Ристески на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.