Лоша вест за Балканот: Германски пpaтеници баpaaт да се yкине олecнетото вpaботyвање на paботници од Балканот

Германската десничарска екстемистичка партија АФД бара да се укине правото за Западен Балкан за внесување неквалификувана работна сила во Германија, овој предлог наиде на отпор од сите други парламентарни фракции во Бундестагот, кои што едногласно овјавија дека го отфрлаат предлогот.

АФД сака да се укине ова правило за да можат германските работници да ја добијат работата, како и да се запре практиката на, како што тврдат, лошо платени балкански работници да ги намалуваат платите во ниско платените сектори во германската економија. Волфганг Штренгман Кун, пратеник од Зелените, рече дека предлогот на АФД е мешавина од незнаење на економијата и нетолеранција кон странците.

– Типично за вас, вие вградивте омраза кон странците во вашиот предлог, што го поддржавте со квази аргументи кои немаат никаква врска со реалноста – рече тој и потсети на истражувањето на независните институти, кои оценија дека правилото не ја загрозува домашната сила, и помага на германската економија, не доведува до намалување на платите и не го оптеретува социјалниот систем на Германија.

– Да го прочитавте тоа, ќе ви беше од корист, бидејќи таму има премногу факти – рече Кун.

Јоханес Фогел од германските либерали истакна дека овој предлог ги разоткрива лажните грижи на АФД за неколку наредби во областа на имиграцијата, со цел да се обиде да одземе некои гласови од гласачите од политичкиот центар.

– Маските паднаа денес затоа што „црно на белото“ тука покажува дека АФД е против каква било имиграција, дури и кога е неспорно во прилог на германската економија. Тие не сакаат правила за имиграција, туку да ги искажат своите чувства кон граѓаните на БиХ или кон другите луѓе од таа област, и тоа треба јасно да се каже – рече Фогел.

Макс Штраубигер, член на баварскиот ЦСУ, рече дека предлогот на АФД е бесмислен бидејќи не е усвоен затоа што го барале работници од Балканот, туку германски работодавци и потсети дека предноста ја имаат домашните и европските работници.

– Би било одлично ако прво го прочитате правилото. Работни места се плаќаат на работници од Западен Балкан кои се плаќаат во согласност со платата предвидена за таа одредена гранка. Тоа значи дека на 45-годишен работник од Балканот, вработен во согласност со својата професија, мора да му се исплатат 3.905 евра бруто, а не како што зборувате, дека балканците ги туркаат надолу платите на германските работници – кажа Штраубигер.

Во следната парламентарна фаза, овој предлог ќе биде дискутиран од страна на комисиите, а потоа ќе биде ставен на последно гласање.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.