Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Билјана Кузманоска, на денешната седница на Собранието жестоко му реплицираше на својот колега од СДСМ од Крушево, Митко Трајчулески.
-Вие како СДСМ ја закопавме Република Македонија во долгови, а сега сакате да се прикажете како спасители на јавните финансии, глумите финансиски чувари на државата, а во ваше време јавниот долг експлодираше. Навистина човек треба да има голема политичка храброст после 7 години власт, после двојно зголемен јавен долг, денес да држите овде предавања за задолжувања, му порача Кузманоска на Трајчулески.
Според Кузманоска, граѓаните и државата денеска поради лошото владеење на СДСМ се задолжени со милијарди евра.
-Ние отплаќаме огромни камати поради вашето неодговорно владеење, и секој милион што оди за камати е милион помалку за болници, училишта, за плати на граѓаните…Наместо да покажете малку политичка скромност, вие продолжувате со вашите лаги и клевети и ширите непотребна политичка паника, рече Кузманоска.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека за владеењето на СДСМ јавниот долг на државата пораснал од 4,78 на 8,87 милијарди евра.

























