Колку јајца треба да јадеме на ден?

Често поставувано прашање по Велигден, еве го одговорот!

Велигден пристигна, сите имаме еден куп обоени јајца во домот, и по традиционалното кршење, време е да се најдат на трпезата.

Сигурно се прашувате, колку јајца можеме да јадеме на ден? Еве го одговорот!

Едно поголемо јајце содржи околу 70 калории, 6 грама квалитетен протеин и е одличен извор на осум основни хранливи материи и каротеноиди. Сите скапоцени состојки на јајцето ни овозможуваат да ја држиме тежината под контрола и да го оддржуваме здравјето на мозокот, мускулите и очите, велат нутриционистите.

Здравите возрасни можат да јадат едно до две јајца на ден. Малку постарите луѓе можат да јадат по две на ден, додека оние кои не јадат храна од животинско потекло можат да јадат повеќе, само доколку не е секој ден.

Јајцата се меѓу ретките природни извори на витамин Д и содржат околу шест проценти од препорачаната дневна количина. Тие се важни за децата, особено девојчињата, но и за постарите лица кои не внесуваат доволно протеини.

Значи, сè додека јадете здраво и разновидно, можете да јадете две јајца на ден. Не претерувајте и не земајте повеќе од тоа бидејќи јајцата можат да го зголемат холестеролот.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.