И заштитните маски добија партиски натпис: Беа против литија, а сега делат маски и прават гужви? (Фото)

СДСМ започна предизборна кампања на грбот на здравјето на македонските граѓани. И медицинските маски си добија партиска припадност

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска се пофали со кампања на својот Фејсбук профил, каде без носење на нараквици дели флаери и заштитни маски со партиска ознака.

Дали СДСМ со ова свесно го изложува на ризик здравјето на граѓаните?

Без ракавици се делат маски на постари граѓани, а се прави претстава дека со тоа се грижат за нив.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои може да се види дека се создаваат и гужви иако тоа е забрането.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.