Изминатиот викенд во Прилеп се одржа осмиот меѓународен натпревар во ориентација “Пеце Атанасоски” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во периодот од 19 до 21 април во Прилеп се одржа осмиот по ред традиционален „Меморијален меѓународен натпревар во ориентација Пеце Атанасоски“ , во меѓународни рамки познат како MOCPA (Memorial Orienteering Competition Pece Atanasoski). На натпреварот учествуваа натпреварувачи од 8 земји: Белгија, Бугарија, Велика Британија, Естонија, Италија, Македонија, Норвешка и Финска.

Програмата вклучуваше: средна должина на областа Маркови Кули, долга далечина на Шаторов Камен и средна далечина на Камена Баба т.е. Прилепско езеро. Трките се бодуваа според возрасни категории. Учесниците на натпреварот се на возраст од 7 до 77 год.

Победници во елитната категорија се: Утскарпен Аудрин од Норвешка (жени) и Персон Фредрик од Норвешка (мажи). Во категоријата млади, победници се: Марија Серафимовска од Македонија (жени) и Јорис Смет од Белгија (мажи). Во категорија ветерани победници се: Илиева Павлина од Бугарија (жени) и Халикма Хеити од Естонија (мажи). Злато за Тифани Трајкоска и Марко Василески во категоријата деца до 10 години. Во категорија „OPEN“ злато за Христијан Насевски.

Натпреварот е во организација на ОК „Златоврв“ – Прилеп, а е поддржан од: МОФ- Македонска Ориентациона Федерација, Агенција за млади и спорт, општина Прилеп, А.Д. Витаминка и ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Со реализација на овој настан, Прилеп се става на мапата на „outdoor“ фестивали. Истовремено Прилеп станува главен туристички центар на спортисти од целиот свет. Целта е овој настан, во иднина да прерасне во светски препознатлив спортски натпревар, што е од особена важност за развојот на спортот и на општината Прилеп како туристичка дестинација.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.