Изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски – Алпи во петок пред прилепчани

На 17 април 2026/петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи.

Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви; крстови, пејзажи, кочанско поле….

„ Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски„ – вели авторот Драган Верговски – Алпи.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

********************************************

Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај проф. Димитар Кондовски.

Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби, работи и икони.

Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.

Како експерт од областа на конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.