“Иако државата ја финансира Македонска пошта, компаниите и граѓаните соработуваат со приватните пошти”

Иако државата ја финансира Македонска пошта, ѝ овозможува монополска позиција на пазарот и не ја обврзува за плаќање на ДДВ, сепак оваа институција продолжува да бележи загуби – истакна во синоќешното гостување во „Бизнис 21“ на ТВ21, Игор Гешовски – сопственик на ЕЛС.

-Пратките во поштенскиот систем често исчезнуваат, се плаќаат пенали, а тоа значително го намалува кредибилитетот на нормалниот пазар, особено кај странските компании. За разлика од Македонска пошта, интересот на компаниите, граѓаните, банките и државните институции е насочен кон приватните пошти. Тие континуирано ги осовременуваат техничките системи, ги зголемуваат капацитетите и ресурсите, со цел да обезбедат брза, ефикасна и безбедна достава. Поради тоа, сè уште остануваат отворени следните прашања: Либерализација на пазарот и нормализирање на конкуренцијата и пристап на приватните пошти до државни поволни кредити и фондови. Мора да се земе предвид дека оваа дејност во светски рамки е една од најбрзорастечките индустрии, која има значајна улога во економскиот раст и социјалната стабилност на државата, рече Гешовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.