Зимата пристигна! Заработи на “Игра на тронови”!

Ноќната стража е разнишана, Вестерос го тресат внатрешни судири, а Ноќниот Крал има страшна армија покрај себе засилена со змеј, тргнат во поход со само една цел: да заледи сѐ од Винтерленд до Дорн.

Финалната сезона никогаш не била толку очекувана како што е во случајот на серијата Игра на тронови. Каналот HBO премиерно ќе ја емитува првата епизода од осмата сезона во недела (15 април) во 03:00 часот по македонско време, а за сите фанови на оваа мегапопуларна серија обложувалницата Mozzart подготви вистинско изненадување. Во Mozzart можете да типувате за тоа кој ќе седи на тронот, односно кој ќе владее со Вестерос, како и кој од вашите омилени ликови ќе преживее на крајот од серијалот!

Изненадувачки или не, според букмејкерите најголеми шанси на крајот од серијалот да седи на престолот има Брен Старк. Квотата за него е 2,00 што би значело дека ако вложите 1,000 денари и погодите, ќе добиете 2,000 денари.

Од 2017 година, кога е емитуван претпоследниот серијал, сведоци сме како интернетот е преплавен со многу претпоставки и многу тврдења околу тоа кој ќе владее со тронот на база на инсајдерски информации, но сето тоа е многу тешко да се предвиди, знаејќи колку вешто челниците на HBO  досега го криеја сценариото и од самите актери.

Квотите не мора ништо да значат, особено во овој случај. На средина од серијалот кога Северот го доби својот крал, сигурно би се обложиле дека Роб Старк ќе биде владетел на Вестерос. А потоа како што знаете, крвавата вечера во режија на Фреј и Болтон. И така еден по друг омилените ликови од Игра на тронови ги губеа животите, наспроти сите очекувања, причина поради која оваа серија е уште попопуларна.

Освен Брен Старк, меѓу најголемите фаворити за Тронот се и Џон Сноу (квота 4.30), Санса Старк (4.30), Џендри (6.00), Тирион Ланистер (10), Даенерис Таргеријан (10), Ариа Старк (12), а доколку верувате дека серијата нема да има среќен крај и дека со Вестерос ќе завладее Ноќниот Крал, квотата за тој расплет е 12.  Најголема квота, 100 е на Едисон Толет, Џора Мормонт и Лијана Мормонт. Знаејќи го досегашното сценарио, големите квоти не би смееле да ве плашат. Напротив…

Букмејкерите се убедени дека крајот на серијалот нема да го дочекаат Грегор Клигејн Планината, Јурон Грејџој, Едисон Толет и омразената Серси Ланистер. На Планината квотата дека нема да преживее е дури 1.01, а дека ќе преживее 10.50, многу сличен е односот на коефициентите и кај другите споменати.

Што мислите Вие? Сите квоти на MOZZART за Игра на тронови може да ги погледнете ОВДЕ. Креирајте Брз тикет и посетете го вашето најблиско Mozzart уплатно место.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.