Збогум легендо! Прилеп и Македонија засекогаш ќе се сеќаваат на тебе

Пејачот Ѓорѓи Желчески од антологиското дуо Селимова-Желчески, пoчинa утрово во Белград на на 82 годишна возраст.

Кевсер Селимова и Желчевски за порв пат се појавуваат како дует во далечната 1959 година и во изминатите шест децении беа едни од најбараните и најслушаните, во Македонија, а особено во соседството.

Ѓорѓи е роден во Прилеп 1938 година, а кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други.

Родниот град Прилеп во 2018 година му оддаде признание на Ѓорѓи Желчески со највисоката награда за животно дело Трето ноемвриската награда.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.