За своите вработени, кои што имаат деца вклучени во онлајн наставата, Витаминка, обезбеди премиум пакети (претплати) за пристап до JetMinds.org – првата и најнапредна едукативна платформа во државата. Со пристапот до оваа платформа, целта е олеснување на образовниот процес на учениците чии што родители се вработени во компанијата, а кои што следат настава на далечина. Со тоа, учениците ќе добиваат дополнително образование и можност за унапредување на стекнатите знаење како замена за приватен час со тутор.
Од почетокот на кризата со кopoнавиpycoт фокусот на менаџментот на Витаминка е насочен кон заштита на вработените и на нивните семејства. Покрај останатите активности и преземени чекори, посебно во овој период, согледувањето со какви предизвици се соочуваат родителите и децата при спроведување и одржување на континуиран образовен процес, беше причина за обезбедување на JetMinds платформата како помош и дополнување на образованието.
JetMinds.org нуди високо квалитетно дополнително образование за ученици во основно и средно. Материјата е подготвена од селектирани професори од универзитети, како и од најдобрите училишта во Македонија и истата ја следи и дополнува официјалната програма. Со користење на функционалната платформа учениците имаат неограничен пристап до лекции, можност за решавање задачи, учење и увид во аналитика – колку знае и колку учат децата. Во таа насока е корисна алатка за учениците и за родителите, особено во семејства каде родителите се вработени.
Грижата за вработените и за нивните семејства Витаминка ја искажува континуирано, посебно во текот на здравствената криза, овозможувајќи начини и реорганизација на работниот процес со цел дополнителна заштита и обезбедување безбедни услови за работа.