Започнува турнирот во мал фудбал во Кривогаштани

gastan1

Традицијата од триесет години продолжува, и оваа година на 10.08.2016 година, со почеток во 21 часот ќе се организира турнир во мал фудбал во Кривогаштани. Натпреварите ќе се одигруваат на новото повеќенаменско игралиште, кое е дел од 100 повеќенаменските игралишта од Агенцијата за млади и спорт.

На 08.10.2016 год се исврши извлекување на групите на екипи кои ќе играат на овај турнир. Годинава ќе учествуваат шеснаесет екипи кои ќе бидат распоредени во четири групи, постои и можност за промена на бројот на екипите, односно може да се пријават уште четири екипи.

Фондот на награди ќе биде за прво место 60.000 денари, второ место         30.000 денари и трето место 15.000 ден. На паузите помеѓу натпреварите  ќе има и помали награди за најмалите учесници кои ќе го покажат својот талент во шутирање на пенали. Организатор и главен спонзор на турнирот е општина Кривогаштани.

Екипите кои ќе се натпреваруваат на 10.08.2016 год, дополнително ќе бидат објавени и информирани преку официјалната Фејсбук страна на турнирот “Турнир Кривогаштани 2016 год”.

gastan2

 


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.