Запознајте го културното наследство на Прилеп: Оваа недела бесплатен влез во музеи, предавања, едукативни тури

Во рамки на културниот настан “Европски денови на културно наследство”, Националната Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, организира низа активности.

Денеска сите граѓани кои сакаат да го посетат Меморијалниот музеј „11-ти Октомври“ – Участакот, тоа можат да го сторат бесплатно, а низ постојаната поставка ќе ве води историчарот Рубинчо Белчески.

Веќе за утре (26.09.) во Црквата Св. Никола во Варош, ќе се одржи настанот “Регигиозно поведение на Марковите потомци”, што ќе биде една интересна интерактивна-едукативна тура низ црквите во најстарата прилепска населба.

Реализацијата на настанот е на Мимоза Христоска.

На 27 и 28.09 пак, во постојаната археолошка поставка и едукативниот центар на НУ Завод и Музеј – Прилеп, ќе се одржи едукативна работилница насловена како “Култ, жртвеник и неолитска куќа”

Реализацијата на овој настан ќе биде на м-р Оливера Јандреска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.