Заев најави продажба на Попова Шапка и на кампот Ливадиште

Премиерот Заев во гостување на МТВ објасни кои компании ќе бидат понудени на продажба и оти тоа било непходно поради лошото работење како што е примерот со Македонска пошта.

-Заинтересирани имаме веќе од Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Имаме заинтересираност од земји на Вишеградската група да инвестираат во такви дејности.

Но, имаме пример од познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка.

Во Косово испорачавме понуда да влеземе заедно со Брезовица од нивна страна за да биде попримамлива. Генерално се позитивни и верувам дека можеби и заедно да одиме.

Ливадиште во струшкиот дел е нешто што е навистина 100 отсто сопственост на ЕСМ, ама не го користиме како ресурс, рече Заев.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.