“Е мачна Атиџе не дочека мајка ти да види дека ти и’ се ,,омажи”, не за некого од Бекирлија, туку од Бекирлија директно за светот!”

Македонскиот филм “Медена земја” е номиниран за два Оскари. Американската академија за филмска уметност и наука го номинираше “Медена земја” во категориите: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.

И додека целата јавност зборува за филмот и историската можност Македонија да добие оскарско признание, на Фејсбук пронајдовме еден оригинален статус посветен на хероината во филмот, Атиџе Муратова.

“Е мачна Атиџе, не дочека мајка ти да види дека ти и’ се ,,омажи”. Не за некого од Бекирлија, оти таму таков за тебе немаше, туку од Бекирлија директно за светот!

И ете, наместо некој си од Овче Поле, сега Холивуд и светот ти ја виде и куќата и љубовта и душата и маката. Ти на светот му ја испрати најголемата лекција – ,,Ако еден го прекрши Законот на природата, сите ја плаќаат цената!”

Среќно меден хероју, тебе и на екипата на твојата и наша Медена земја.

Пишувате историја!”

(Фејсбук статус на Лилјана Шаровиќ)


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.