Емоција и солзи: Македонските режисери објавија видео од реакцијата кога дознаа дека “Медена земја” ќе се бори за Оскар

Документарниот филм “Meдена земја” на нашите режисери Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и официјално е номиниран за Оскар во две категории.

Македонското ремек дело ќе се бори во категориите: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.

Режисерите моментално се наоѓаат во Еквадор, а на Фејсбук ги објавија нивните реакции после дознавањето на веста дека “Медена земја” ќе се бори за Оскар во две категории.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.