Ексклузивно! Еве кои се предлози од Влада за директори во Тутунски Комбинат Прилеп

По неколку месеци очекување Владата ги доставила предлозите за извршни и неизвршни Директори во Тутунски комбинат.

Зоран Петрески актуелен директор на основно училиште, Александар Алексоски вработен во Гентерм и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, Гоце Николоски, Ѓорѓи Дончев и Сашко Велјановски.

Во исчекување сме на новиот генерален директор. Досега многу од директорите во комбинатот од минатото седнувале на обвинителна клупа и одлежувале долгогодишна казна затвор.

Инаку, се’ уште актуелен директор на прилепскиот комбинат е доскорешниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.