До кога вака?! Уништена е икона Исус Хрисос во големиот парк во Драчево, а веднаш до неа е оставен Куранот (ФОТО)

Вандалски чин во скопско Драчево ги вознемири жителите на оваа населба. Уништена е икона на Исус Хрисос во големиот парк во Драчево, а сторителите веднаш до неа го оставиле куранот. Драчевчани, но и многу верници од цела држава бурно реагираат на ваквиот чин кој предизвика меѓуверски и меѓуетнички тензии.

Како што може да се забележи од сликите на повеќе места е уништена иконата на Исус Христос особено околу очите и устата. Веднаш непосредно до иконата е оставен куранот, а со ваквиот гест се јавуваат нови сомнежи за тоа кој го сторил чинот. Сепак, останува нејасно зошто некој би посегнал по најсветото нешто за верниците, религијата.

Ваквиот чин предизвика меѓуверски тензии. Се огласија од навивачката група Комити кои велат „нема да простиме“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.