Досега не видена снимка од распоредувањето на Лавовите за време на конфликтот во 2001 година

111

Конфликтот во 2001 година е минато. Изминаа 15 години, но сеќавањата сеуште живеат. Македонија ги памети паднатите херои од тоа време, се сеќава на нивната жртва, на нивната кауза, на нивната борба.

Тоа беа времиња на мрачни сценарија, на  поделба на херои и предавници, на политички игри и превирања, непознати за обичниот граѓанин.

Единицата  за брзи интервенции “Лавови” тогаш беше една од главните предводници на одбраната на територијата и заштитата на граѓаните.

Со нивната храброст и пожртвуваност си поиграа некои македонски политичари и ја извисија нивната посветеност за стопирање на редефинирањето и разнебитувањето на македонската држава.

Ова е до сега необјавено видео кое сведочи за нивната храброст, спремност и жар во тоа време:

А.Г.

 


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.