Додека Македонија стагнира, Србија растура со странски инвестиции: Нова фабрика започнува со производство

Швајцарската компанија Регент, која се занимава со производство на електрично осветлување, го започнува производството во Свилајнац, Србија во април, пренесува pressingtv.

Регент изнајмил објект од повеќе од 1.000 м2, каде ќе започне со производство, додека во исто време се гради фабрика за компанијата, која ќе опфати околу 6.000 м2 во првата фаза и уште 6.000 м2 во втората фаза, соопшти општинската администрација.

Вкупната вредност на инвестицијата е околу осум милиони евра.

Новиот инвеститор ќе вработи 130 работници во Свилајнац, а договорот за започнување со производство го потпиша градоначалникот на Свилајнац Предраг Милановиќ во Базел, пренесуваат српските медиуми.

„Процесот на донесување одлуки беше долг и детален, ние се решивме за Србија. Разгледавме неколку опции, меѓу кои и Чачак и некои други градови на југот на Србија, но на крајот имавме голема поддршка од општина Свилајнац и затоа решивме да ја градиме нашата фабрика таму “, рече Јорг Стајмер, главен оперативен директор на Регент. “Со нетрпение очекуваме да ја развиваме нашата нова фабрика во Свилајнац. Она што ни треба е високо квалификувана работна сила и затоа решивме да бидеме дел од системот за двојно образование, со кој имаме одлично искуство во Швајцарија”, рече генералниот директор на Регент, Кристоф Плацер.

Извор: pressingtv.mk


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.