Директорот на статистика: Кој нема да се попише, може да добие и 5 години затвop

Вечерва при своето гостување во емисијата „Вин Вин” на ТВ Телма, Апостол Симовски, директор на ДЗС се закани, дека кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.

„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвop.

„Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.