Жители од улицата “Тоде Дупјацанец” во Прилеп ни испратија фотографии од катастрофалната состојба на оваа улица.
Снегот и врнежите од дожд им се ноќна мора, а нивните деца не можат да одат слободно на училиште.
“Невозможно е пешки да се помине, а да не се извалкаш, бараме локалните власти итно да го решат нашиот проблем”, велат жителите од оваа улица.
Тие додаваат дека поради ваквите услови на улицата не доаѓа ниту такси.