Денес сончево и топло, од утре опаѓање на температурата

soncevo-10-17068

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност не очекува и во текот на денешниот ден. Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од осум до 13, а дневната од 26 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево  со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Од утре опаѓање на температурата

Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе има значително опаѓање на дневната температура за 7 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието.

Потоа до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со дневни температури во рамките на просекот за овој период од годината.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.