Денеска во Прилеп: Свечено пуштање во употреба на спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”

42

Денеска 19.09.2016 година со почеток од 13:30 часот, во присуство на заменик министерот за образование Спиро Ристовски  и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, свечено ќе биде пуштена во употреба спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп.

Спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” e четврта училишна сала која се изгради во Прилеп, како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни сали.

Со изградбата на овие четири спортски сали во Прилеп значително се подобрија условите за спортување и се овозможи непречено одвивање на наставата по физичко образование во училиштата.

63

34


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.