Шампионките од Боречкиот клуб 7-ми Мај од Прилеп, Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска деновиве во Триберг, Германија ја темпираат формата за престојното Европско првенство до 20 години.
Девојките од Прилеп во Германија подготовките ги започнаа на 22.06, а дома се враќаат на 30.06., а со нив е тренерот Филип Јованоски.
Европското првенство во борење до 20 години, ќе се одржи во Скопје од 06. јули и ќе трае до 12. јули.
Да им посакаме што подобро да се подготват и да не израдуваат со нови медали!
























