Девојка од милион долари: Интервју со Маја Дејкоска, иднината на македонското женско борење

Кога нешто се сака и се вложува голема жртва, тогаш и се успева. Маја Дејкоска е млад спортист, борач, кому му претстои блескава и трофејна кариера. Таа е светла точка на денешното македонско борење, посветено работи и го трасира патот кон успех. Настапот на Олимпијада и е животна желба и мотивација, а моментално се подготвува за Светското армиско првенство, што од утре започнува во главниот град. Нашата Маја ќе се бори во четврток на 22 септември, а медал нема да биде воопшто изненадување. Во овој разговор дознаваме за нејзината досегашна спортска кариера, успеси, планови и желби….

14317517_1103017073117644_1420563366163670591_n

Од кога заплови во боречките води и кога за прв пат Маја Дејкоска излезе на борилиштето во едно натпреварување?

Со борење почнав да се занимавам од својата 14 година, а за прв пат по три месеци излегов да се борам на едно кадетско изборно првенство во Кочани.

Маја како е да се биде девојка борач, што се е потребно да се совладаат боречките вештини и тежината на овој спорт?

Секој спорт е напорен и за да се постигнат резултати треба напорно вежбање. Позитивна мисла, да веруваш во себе и да истраеш во желбата да напредуваш во спортот.

Кои клубски бои ги браниш и кои се твоите најголеми успеси во овој спорт?

Јас ги бранам боите на боречкиот клуб “7ми Мај Леов”-  Прилеп. За мои најголеми успеси можам да ги издвојам,  моето учевство на Европско првемство, меѓународни натпревари и домашни натпревари.

14368713_1103017076450977_97030399832552403_n

Моментално се подготвуваш за “Светското армиско првенство” што ќе се одржи во Скопје, што значи ова натпреварување, колку е престижно истото и од кои се земји има учесници на истото?

Секое првенство има своја категоризација и своја тежина.успех е кога ќе се учевствува на секое од нив, бидејќи тоа значи дека си исполнил одредени критериуми за да се натпреваруваш. Секако ова првенство за мене е многу важно Затоа што првпат учевствувам на истото. Земји кои учевстуваат на СП се: Бразил, САД, Русија, Полска, Индија, Ј.Кореа, Словачка, Грузија, Финска, Пакистан, Естонија, Латвија, Тунис, Азербејџан, Турција, Казахстан, Бугарија, Словенија, Романија, Белорусија, Украина, Кина, Египет, Бахреин, Еквадор, Швајцарија, Франција, Германија, Чешка, Мексико, Аргентина, Шведска и Македонија.

Борењето одсекогаш било едно од главните адути кога се работи за македонскиот спорт воопшто. Какви е моменталната состојба во Македонија и колкав интерес има денес кај младите за овој спорт?

Борењето ме маѓепса како спорт без да размислувам какви се перспективите на тој спорт кај нас. Мометално овој спорт котира многу слабо во Македонија, а е еден од најдобрите  спортови во минатото.

Кои се твоите желби, што е твоја главна цел што сакаш да ја постигнеш во твојата спортска кариера?

Кога го сакаш тоа со кое се занимаваш тогаш и не е важно дали резултатите кои ги постигнуваш се врвни или не, како и во секој спорт има победи, а има и порази. И без разлика со какви резултати ќе излезеш од терен секогаш се прави анализа на играта. Само така можеме да се усовршиме. Мојата желба е да ја претставувам Македонија на Олимпијада, напорно работам и се надевам дека ќе успеам.

14317527_1103017079784310_5211705001787000332_n

Што друго е во твој домен на интерес, на што уште го трошиш своето време?

Како и секоја девојка следам мода , се дружам , излегувам, следам спорт, и сакам да го поминувам времето со оние кои се секогаш тука за мене и ме поддржуваат во се..

За крај кажи ни за борењето во Прилеп, колку се истакуваме како град, недостатоци, предности и со каков боречки дух располага градот под “Марковите Кули”.

Борењето во Прилеп штотуку почна да се развува, имаме доста квалитетни борачи, тоа е сигурно. Во услови кога само одредени спортови во Македонија можат да бидат унапредени, сметам дека се вложуваат големи напори и од страна на клубовите и од страна на спортистите.

14383262_1103017183117633_2044118505_n

 

 


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.