Двете екипи на прилепски Мега баскет денеска атакуваат на шестата последователна победа – да ги поддржиме максимално во сала!

Двете екипи на прилепски Мега баскет, и сениорската и екипата до 18 години, денеска на домашен терен ќе атакуваат на шестата последователна победа.

Најпрво сениорите со почеток од 17:30 часот го пречекуваат Младинец од Скопје, а веднаш по нив и дечките до 18 години го играат својот натпревар против Шар Планина од Гостивар.

Прилепчани се во топ форма и се надеваат дека ќе продолжат со победничкиот ритам на теренот, а за тоа секако им е потребна наша поддршка на трибините во ООУ “Добре Јованоски”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.