Двајца прилепски боксери од БК АС ќе бидат дел од двомечот Италија-Македонија во Рим

Боксерскиот клуб АС Прилеп на 26 септември во Рим, Италија, ќе учествува на меѓународниот боксерски двомеч Италија – Македонија.

Од редовите на прилепскиот клуб ќе настапат двајца боксери: Давид Карапеев, државен шампион во категоријата до 75 килограми во У17 конкуренција, кој ќе се соочи со Дарио Ангилети од „Филиппела Бокс“, и

Влатко Димески, освојувач на бронзен медал од Државното првенство во бокс, во категоријата до 70 килограми во У19 конкуренција, кој за противник ќе го има Кевин Морони од „Фортитудо Бокс“.

Парови:
Давид Карапеев – 75 кг (БК АС Прилеп) – Дарио Ангилети (Филиппела Бокс)
Влатко Димески – 70 кг (БК АС Прилеп) – Кевин Морони (Фортитудо Бокс)

Настапот во Рим е од големо значење за младите прилепски боксери, бидејќи ваквите меѓународни мечеви им овозможуваат стекнување драгоцено искуство и дополнителен напредок во нивната понатамошна спортска кариера.

Двајцата наши боксери се наоѓаат во одлична форма и подготвени го очекуваат настапот во Рим, со желба за добар резултат и достојно претставување на својот клуб и македонскиот бокс.

На настанот ќе учествуваат и боксери од БК Куманово 84, предводени од Самет Слиевски, кој е одговорен за организацијата на македонската екипа, како и претставници на БК Алексо Огненовски од Охрид и БК Фамилија Демирови од Штип.

На сите македонски боксери им посакуваме многу успех, добри борби и достојно претставување на Македонија во Рим!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.