Двајцата другари од Прилеп ја започнаа својата авантура: 800 километри на педали до Босфорот во Истанбул! Им посакуваме среќа и ведро небо

Прилепчаните Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, тргнаа во неверојатна авантура со велосипеди. Нивната крајна дестинација е турската метропола Истанбул.

Својот подвиг двајцата другари од Здружението “Maркови точакџии”, го започнаа синоќа, а на педали имаат за возење околу 800 километри.

Филип и Христијан тргнаа од Прилеп, па преку Серес и Кавала ќе стасаат до Ипсала и Текирдаг. Крајната дестинација е Босфорот во Истанбул.

Попатно нашите ентузијасти ќе кампуваат во шатори, а идејата за овој нивни подвиг како што кажаа е можноста преку Босфорот да се премине на друг континент.

На Филип и Христијан им посакуваме многу среќа, добри временски прилики и успешно да го совладаат својот предизвик!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.