Граѓаните бараат најитно решавање на проблемот со руината на улица “Цар Самоил”: Жариште на болести покрај центарот за деца со церебрална парализа (ФОТО)

Водени од љубовта кон нашиот град, а и тоа дека секое населено место е простор за заеднички живот на повеќе луѓе, животот на граѓаните треба да биде што попријатен и организиран. Она што не чини треба да се критикува за да се отстрани, а критиките треба да дојдат баш од оние кои се најпогодени, а тоа се граѓаните.

Во името на тоа право за поквалитетен живот на заедницата, може да им се забележи нешто на нашите избраници. Нема да застаниме, но ќе бидиме дежурни критичари на работата на локалните застапници. Секој граѓанин во ова медиумско ќоше може и треба да ги дава своите забелешки, како придонес Прилеп да го направиме многу подобар простор за живеење во интерес на сите нас. За почеток само мал дел од урбанизмот на кој треба најитно да се одговори..

Граѓаните најитно бараат отстранување на две градби руини на ул. ,,Цар Самоил,, поранешна ,,Иво Лола Рибар,,. И двете личат на сé само не на урбан дел. Опасни се оти им се заканува самоуривање. Тоа е и ризик по животот на жителите кои секојдневно минуваат, особено по жителите кои граничат со нив.

Претставуваат жариште на заразни болести, дувло на влекачи, глодари, сомнителни ноќни посетители, од каде се слушаат неартикулирани гласови. Дење, на човек да му е грозно да погледне. Само на неколку метри претстојуваат децата со церебрална парализа.

Дали треба уште да се аргументира за да се реши овој проблем во најкраток временски период? Уште еден аргумент. Руината се наоѓа на прометно место, на пат за Паркот на револуцијата. Би се чувствувале попријатно сограѓаните или гостите додека минуваат да набљудуваат урбана парцела, пријатен простор, парк…

Неделниот весник “ЗЕНИТ” посочува уште неколку примери на вакви руини кои го нагрдуваат градот, но исто така ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Погледнете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.