Голд Слот ги награди најдобрите оператори за 2020 година

Квалитетната работа, трудот и довербата секогаш доаѓаат до израз. Затоа, Голд Слот клубовите се одлучија да ги наградат најдобрите оператори за годината што измина, година во која сите ние се соочивме со бројни предизвици.

Според изборот на регионалните менаџери, а водејќи се по параметрите на најдолг стаж во Голд Слот, но секако и грижата и односот кон клиентите, посветеноста кон работата и станувајќи пример кон другите вработени, Голд Слот ги избра операторите на 2020 година кои дефинитивно го заслужија приматот најдобар.

Првичната селекција е направена со 14 кандидати по предлозите дадени од регионалните менаџер, Благој Наумовски и Владо Стојаноски на Голд Слот клубовите, од кои во потесен круг останаа 6 кандидати: Марио Трајкоски од Прилеп, Елена Даниловска од Гостивар, Душица Апостоловска од Тетово, Катерина Наневска од Битола, Катерина Огнанова од Штип и Николче Даскаловски од Ресен.

Приматот “Најдобар Оператор за 2020” им припадна на Елена Даниловска од Гостивар и Николче Даскаловски од Ресен. Најдобрите оператори за минатата година се наградени со рачен часовник.

Грижата кон клиентите, но пред се вреднувањето на своите вработени е еден од фундаментите на Голд Слот клубовите, а нивната вредна работа и лојалност секогаш ќе бидат на првото место во Голд Слот.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.