Галерија: “Пендаровски пречекан со пароли во Прилеп”

Прилепчани со пароли на кои пишува “Стево доби метла, генералката е на 5-ти мај” вечерва дочекан во Прилеп.

СДСМ и нивниот кандидат Стево Пендаровски вечерва одржуваат нова трибина во Прилеп, но после слабата посетеност која ја имаа во првиот изборен круг на плоштадот “Методија Андонов-Чентo”, овојпат трибината е закажана на просторот околу Градскиот саат.

Во неделата на 21 април, Пендаровски и СДСМ загубија во Прилеп, а интересно беше тоа дека за разлика од локалните избори, СДСМ загуби дури 6300 гласови.

Според опозицијата во Прилеп, главниот удар за оваа власт ќе бидел зададен на 5-ти мај, за кога очекуваат многу поголема победа.

Резултатот на СДСМ според прилепчани се должи на нереализираните ветувања, катастрофалното ниво на капитални инвестиции, огромниот непотизам во институциите, но и зголемените сметки за вода за 60%, намалените пензии и повисоките даноци.

Веќе почна да се шпекулира дека така наречената метла која ја најави премиерот Заев, веројатно ќе “заигра” и во Прилеп, а прв на “мета” би бил претседателот на ОО СДСМ Прилеп и на Советот на општина Прилеп, Миле Талески.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.