На 18 и 19 април Крушево ќе биде домаќин на специјалниот настан во рамките на „ВМ Класик Рели“ – Ретрокана, посветен на спретно возење со историски возила.
Настанот е инспириран од легендарното Авто-Рели Македонија 1977, претставувајќи симболично враќање кон традицијата и златните времиња на автомобилизмот. Преку оваа манифестација, љубителите на класичните автомобили ќе имаат можност да уживаат во уникатна атмосфера, исполнета со носталгија, елеганција и спортски дух.
Крушево, како град со богата историја и културно наследство, продолжува да се позиционира како препознатлива дестинација која негува спорт, традиција и настани со посебна културна вредност. Организирањето на вакви манифестации придонесува за збогатување на туристичката понуда и афирмација на градот како центар на значајни културни и спортски случувања.
Покана до сите граѓани, љубители на автомобилизмот и посетители од земјата и странство да бидат дел од оваа единствена манифестација и заедно да испратиме убава слика од нашето Крушево.
Датум: 18 и 19 април
Локација: Крушево
Настан: „ВМ Класик Рели“ – Ретрокана (спретно возење со историски возила)
Добредојдовте во Крушево – градот на традицијата, спортот и незаборавните доживувања!


























