Во тек е Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Агенцијата за пошти

poster_konkurs2016 (1)

Во тек е конкурсот на Aгенцијата за пошти на Република Македонија за пишување на писмо. Конкурсот кој е активен од 15ти март трае до 15ти април 2016 година, а повод за тоа е пред се негувањето на пишување писма и поттикнувањето на комуникацијата со писма.

Текстовите потребно е да бидат напишани со своерачен ракопис и во форма на писмо да се испратат на следната адреса: Агенција за пошти, П.Фах. 160, 1000 Скопје. Писмата треба да бидат ограничени на 800 зборови.

На конкурсот можат да учествуваат деца на возраст од 9 до 15 години.

За најдобрите три писма Агенцијата ќе обезбеди награди, а за првото место ќе биде доделено летување, како и можност да учество на Меѓународниот конкурс за пишување писмо во организација на Светскиот поштенски сојуз.

Оваа година писмата за натпреварот се на тема: Напиши писмо до самиот себе на    45– годишна воздраст”, со цел да се одбележи 45тата годишнина од интернационалниот натпревар.

Историјата на овој Меѓународен конкурс за пишување писмо од Светскиот поштенски сојуз датира од 1969 година, а прв пат се објавил во 1971 година.

A.Г.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.