Во оваа прашума и мизерни услови работат државни службеници: Сцени како во напуштениот град Припјат кај Чернобил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Откако вчера објавивме во какви очајни услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп, денеска до нашата редакција пристигнаа нови фотографии.

Местото наликува на некој запуштен објект во кој никој не стапнал во изминатите 20-30 години, нешто налик на сцените од градот Припјат кој бил испразнет поради нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Во оваа зграда моментално функционираат: Управата за имотно правни работи, Инспекторатот и подрачното одделение за земјоделие, подрачното одделение за правда, канцеларија на министерството за транспорт и врски, подрачно одделение на министерството за економија, пазарниот инспекторат, Општинската изборна комисија и уште десетина невладини организации од кои 2-3 за деца со посебни потреби.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.