Во вторник предавање во Прилеп во чест на народната хероина Вера Ацева

По повод 20-годишнината од смртта на народниот херој Вера Ацева, во Прилеп ќе се одржи пригодно предавање посветено на нејзиниот живот, револуционерна дејност и придонес во македонската историја.

Предавањето под наслов „Со пиетет кон хероината Вера Ацева“ ќе го одржи Рубинчо Белчески, историчар и кустос советник, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Настанот ќе се одржи на 24 ноември (вторник), со почеток во 18:00 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

Со ова чествување ќе се оддаде почит на Вера Ацева, една од истакнатите личности во македонското националноослободително движење, предводник на народното востание на македонскиот народ на 11 Октомври 1941 година, храбар и бескомпромисен борец за слободата на Македонија, како и учесник во повоениот општествен развој.

Одбележувањето на годишнината од смртта на Вера Ацева (24.11.1919 – 10.11.2006) е дел од Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година, донесена од Собранието на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.