ВМРО-ДПМНЕ: Членовите на СДСМ разочарани, изманипулирани и оставени без име, идентитет и јазик од своите функционери?!

0

Прес-конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп:

“Сведоци сме дека Зоран Заев не смее да го употреби името на Македонија во телевизиско интервју иако тоа е уставното име на Република Македонија, а Локвенец и Сугарски се обидуваат да ги убедат прилепчани дека ќе останат Македонци иако изгласаа и догооврија да ни ја сменат националноста во северномакедонци.

Тоа го гледа, го чита секој човек во капитулантскиот договор кој го потпишаа.

Ви порачуваме, Прилеп и прилепчани стојат цврсто во одбрана на уставното име на Република Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ е столбот на непокорот. Нема да дозволиме со вакви манипулатски обиди преку учество на дебатни емисии и преку социјалните мрежи да ги понижувате прилепчани и нашата историја.”