Виното лекува– 7 работи за кои овој пијалак е незаменлив лек

vinoslik

Од виното имаме многу здравствени придобивки, секако ако се пие во умерени количини. Еве 7 причини поради кои треба да се испие чаша вино.

Добро е за срце

Фитохемикалиите кои се наоѓаат во виното ќе ви го покачат добриот холестерол, a антиоксидансите кои ги содржи ќе ја заштитат слузницата на коронарните артерии. Една до две чаши црно вино дневно е оптимална количина која ќе ви помогне веднаш да ја почувствувате користа.

Го спречува оштетувањето на слухот кое настанува поради голема бучава

Ресвератролот кој се наоѓа во црвеното вино, може да помогне да го заштитите слухот, покажа неодамна спроведеното истражување. Затоа пуштете ја погласно омилената песна и уживајте во чаша вино.

Ја штити кожата

Тајната е повторно во антиоксидансот ресвератролот. Ги неутрализира слободните радикали кои ја напаѓаат кожата. Наточете си чаша вино и поздравете со оштетената кожа.

Превенција од мозочен удар

Конзумирањето алкохол во умерени количини може да помогне да се спречи згрутчувањето на крвта, како и насобирањето холестерол во артериите што го намалува ризикот од мозочен удар.

Го регулира шеќерот во крвта

Алкохолот ја подобрува реакцијата на телото на инсулинот кој го регулира шеќерот во крвта. Кога нивото на шеќер во крвта е под контрола, вашето тело нема да ја претвора гликозата во масти.

Го подобрува квалитетот на спермата

Добра вест за двојките кои настојуваат да станат родители. Ново истражување откри дека кај мажите кои пијат по чаша вино дневно два до трипати неделно е намалена веројатноста за абнормалност на спермата. Затоа понудете го својот љубен со чаша вино во комбинација со продукти кои имаат афродизијачки својства и – уживајте.

Поттикнува подобро помнење и размислување

Умереното консумирање алкохол може да го попречи когнитивното пропаѓање, затоа што ја поттикнува и подобрува циркулацијата во вашиот мозок.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.