(Видео) Ckaндал на отварањето на гасоводот: Грците бесно ја напуштија церемонијата по говорот на Ердоган

Грчката делегација на чело со заменик министерот за енеретика и животна средина Димитрис Иконому, ја напушти церемонијата на отварањето на Трансанадолискиот гасовод во знак на протес поради “провокативните изјави” на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган на церемонијата рече дека нема да го прекине истражувањето и бушењето на брегот на Кипар и кипарската економска зона. Според неговите зборови, на Средоземно море се повредуваат правата на кипарските Турци.

“Анкара делува во рамките на меѓународното право и сега никакви повици нема да ја натераат Турција да ги повлече бродовите кои таму се занимаваат со истражување”,вели Ердоган.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.