(Видео) Цела планета зборува за физичката пресметка на Златан и Гатузо: Само еден можеше да излезе победник од таа борба

Бразилецот Робињо за шанските медиуми откри како дошло до тепачка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Џенаро Гатузо, додека заедно играа во Милан.

“Златан често ми говореше дека ги убедувал челниците на Милан да ме ангажираат:”Овде си поради мене”. Дали е арогантен? Да, но на добар начин. Има голема самодоверба во сопствените способности. За мене сите напаѓачи би требало да бидат како него: шоумен и победник”, објасни Робињо за шпанска “Марка” и го откри она што го интересираше целиот свет- дали имало физичка пресметка меѓу Златан и Гатузо.

“Златан на тренинзите го предизвикуваше Гатузо на џиу-џица борба. На едната страна беше нервозниот и бесен везиста против Ибра, кој има црн појас. Кој победи? Златан секогаш победува”, заклучи Робињо.

Меѓутоа, и покрај приказната на Робињо, на фудалската јавност добро и е позната првата пресметка меѓу овие двајца:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.