(Видео) Се продава цело село во Шведска: Го красат седум природни извори, а еве која е цената

Пандемиjaта на кopoнавиpycoт можеби го запрел поголемиот дел од пазарот за недвижности, но тоа не беше случај во Шведска.

Имено, ова село во Шведска се продава за 70 милиони шведски круни (6,5 милиони евра). Сатра Брун е “велнес село” на периферијата од Стокхолм.

Селото датира од 1700 година кога докторот Самуел Скарг открил извор на вода и купил земјиште. Потоа изградил бунар, куќа со извори, болница, црква и куќа за живеење.

Во тоа време растела популарноста на природните извори, бидејќи се сметало дека оваа вода има исцелителна моќ.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.