Пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт ја опycтоши светската економија, а американската компанија “Убер”, која со помош на мобилна апликација организираше превоз на патници, испушти 3.500 работници.
Веста за намалувањето на работните места сама по себе е тежок yдap за вработените, но уште полошо е тоа што компанијата одлучи да им соопшти на работниците со видео-порака.
Пораката траеше само 3 минути.
“Нашата работа како приватни возачи се преполови. Луѓето се помалку патуваат, нашите услуги се помалку се бараат и мора да бидеме рационални. Нема доволно место за сите во “Убер”, па одлучивме да се збогуваме со 3.500 работници”, рече Руфин Севало, менаџер во Феникс, САД.