(Видео) Откриено е кој го изградил популарниот Стоунхенџ: Со ДНК анализа се расветли она што ги интересираше научниците

Британските научници ја споредија ДНК-та од неолитксите човечки остатоци во Британија со луѓето кои во тоа време живееле во остатокот од Европа.

Неолитските “жители” патувале од Анатолија на Пиринејскиот полуостров, пред да го пронајдат патот на север. До Британија пристигнале околу 4.000 години пред нашата ера, а деталите се објавени во списанието “Nature Ecology & Evolution”. Миграцијата во Британија била само еден дел од големата, масовна експанзија на луѓе од Анатолија.

Пред тоа, Европа ја населувале мали, патувачки групи кои ловеле животни и собирале растенија и школки.

ДНК анализата открива како “Британците” од неолитското доба биле потомци на групите кои патувале по медитеранската рута. Кога се анализирани раните фармери од британскиот остров, утврдено е дека тие најмногу личат на неолитските луѓе од денешна Шпанија и Португалија.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.